Топлес протест на конференција на француските муслимани

0
869

Четири активистки на движењето Фемен синоќа предизвикаа времен прекин на годишната конференција на претставниците на муслиманите во Франција, што се одржуваше во местото Бурже, крај Париз.

Инцидентот се случи кога за време на излагањето на експертот за Исламот, Тарик Рамадан, една жена застана до говорницата, ја соблече наметката што ја носеше на себе и се покажа пред присутните на собирот гола до појас.

По ова во салата се појавија уште три активистки на Фемен голи до појас, кои почнаа да скандидаат: „Алах не е политичар“. Припадниците на обезбедувањето на собирот набрзо ги совладаа жените и ги изнесоа од салата.

Собирот на француските муслимани во Бурже беше насловен „Постои ли политички Ислам?“.