Топлификацијата решение за воздухот во Битола?

0
547

Здравата животна средина е основно човеково право”. На оваа тема се дискутираше во Битола, а јавната дискусија беше организирана од Диверзити медиа во рамки на проектот Глокал Дискусии. Започнале со ваквите дискусии од како што велат најзагадените градови.

-Битола и Тетово се двата најзагадени градови и сакавме да го слушнеме мислењето на граѓаните од овие градови, рече Весна Колевска, Диверзити Медиа.

На дискусијата биле поканети и од локалната власт.

-Се обидовме да поканиме неколку луѓе од локалната власт, луѓе кои треба да се грижат за битолчани за да имате чист воздух. Во прво време прифатија, но кога слушнаа за која тема ни откажаа со објаснување дека се зафатени, вели Колевска.

Душко Груевски од Здружението за промовирање на еколошката свест од Битола „За нас се работи” беше еден од панелистите. Тој вели дека заради грејната сезона загадувањето во зимскиот период е поголемо во Битола за разлика од летниот период, но тоа не значело дека тоа било причина за загадениот воздух. Она што е потребно е да се најде начин како да се реши проблемот со загадувањето.

-Топлификацијата е еден од најбитните фактори за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, изјави Душко Груевски, За нас се работи.

За тоа дали нашле заеднички јазик со локалната власт, Груевски вели:

-Јазикот е најден, но не може ниедна одлука да се донесе за граѓаните, туку се е за партијата. И другата гарнитура да дојде, се дури во градот функционираме да се задоволат политичките партии, градот ќе биде ваков каков што е, вели Груевски.

Во дискусијата учествуваше и советникот за индустриско загадување во Министерството за животна средина Беса Татеши.

-Од работата во Министерството за животна средина, можам да кажам дека свеста кај народот за ова е многу мала, затоа учествувам на вакви дебати, изјави Беса Татеши, советник за индустриско загадување.

На дискусијата таа објасна дека крајниот рок за добивање А-интегрирана еколошка дозвола на РЕК Битола е пролонгиран до 2018 година.

Без коментари

LEAVE A REPLY