Топло, но нестабилно време

0
217
Уште едно топло и претежно сончево утро низ земјава, а во Македонија температурите ќе се движат и до 38 степени.

Попладне и рано навечер повторно ќе имаме нестабилно време низ земјава. Ризик од поинтензивен дожд, не е исклучена и можноста за изолирана појава на град и засилен ветер, ќе има локално во западната и северната половина од земјата.

Најтопло, до 38°С ќе биде во југоисточниот регион. Максимална температура околу 34°С очекуваме во низините и котлините од југозападниот и северниот крај.