Топло време

0
421

Ниту среда не носи некоја битна промена на метео состојбата во земјава. Претежно ведро, мала облачност попладне над планините, без изгледи за дожд.Ветерот ќе биде воглавно слаб.

Максималната температура, слично на вторник, низ котлините во северниот регион ќе има вредност во границите помеѓу 30°С и 33°С, а во југоисточниот крај околу 34°С.

Поширокиот регион околу охридското и преспанското езеро очекуваат највисока температура околу 28°С, а во Дојран до 35°С.

meteopro.mk