Топлотен бран го зафати Балканот

0
1641

Со измерени 40 степени Целзиусови во Белград, 5 август бил најтоплиот во изминатите 130 години во главниот град на Србија.

Во периодот меѓу 16 и 17 часот измерени биле 40 степени со што е надмината прогнозираната максимална температура за главниот град. Претходниот најтопол 5 август – со 39 степени, бил во 1928 година, јавуваат српски медиуми.

Во цела Србија и понатаму е на сила црвен метеоаларм. РХМЗ на Србија издаде предупредување за подрачјето на Србија за високи температури до 10 август.

Топлотниот бран која го зафати Балканскиот полуостров последниве неколку денови ја загреа површинската вода на Јадранското Море. Најтопло, со пемператури од 29 и 30 степени Целзиусови е на најсеверните брегови на Италија, кај Фриули и Венето и на северозападот на Истра.

На поголем дел од Јадранското Море температурата достигна високи 28 и повеќе степени. Според ова, вредностите се за 3 степени повисоки од просекот за ова време на годината.

Се очекува топлотниот бран да трае до средината на идната недела, заради што во целиот регион се препорачуваат мерки за заштита на населението од високите температури, а во делови од државите веќе е прогласена црвена предупредувачка фаза. Македонските синоптичари прогнозираат дека в понеделник и во вторник ќе има мало намалување на температурите во некои региони во земјава, па, наместо портокалова, како сега, ќе бидат во жолта предупредувачка фаза. Меѓутоа, генерално се очекува поголемиот дел од земјата да биде во портокалова фаза до четврток.

Без коментари