„ Топол културен бран“ и во Ресен, Новаци, Могила, Крушево, Демир Хисар

0
1214

Во рамки на 9. манифестација „Топол културен бран“ годинава ќе се реализираат повеќе од 100 културни настани во 31 општина. Програмата ќе се реализира во две етапи, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август во Вевчани, Валандово, Кавадарци, Ресен, Маврово-Ростуша, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Крива Паланка, Могила, Неготино, Кочани, Демир Капија, Македонска каменица, Кратово, Делчево, Берово, Кичево, Богданци, Виница, Чашка, Демир Хисар, Новаци, Свети Николе, Гостивар, Крушево, Кривогаштани, Охрид, Гевгелија, Ресен и општина Петровец.

Театарски претстави од репертоарот на националните театарски куќи Македонскиот народен театар, Театарот Комедија, Охридскиот, Штипскиот и Албанскиот театар. Концерти ќе имаат етно групите „Монистра“, „Синтезис“, „Љубојна“, концерт на ансамблот „Танец“ и настапи на помали фолклорни друштва преку кои, како што рече, ќе се промовира македонскиот фолклор и македонската изворна песна. Граѓаните ќе можат да ги проследат и настапите на Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, потоа рок концертите на ДНК и Ај Кју, на македонските естрадни уметници Даниел Кајмаковски, Сара Мејс…