Торнадо во Атина

0
426

Грција во текот на четврток беше погодена од обилни дождови и оправдано наречено „сериозно невреме“ За помалку од 24 часа наврнаа 142 литри дожд на метар квадратен во Андравида, 119 литри во Татои, 60 литри во Превеза.

Во Атина наврнаа 110 литри дожд на метар квадратен, но она што беше „поинтересно“ во Атина е тоа што дел од предградијата на главниот град во Грција беа на удар на силно торнадо, за среќа без човечки жртви. Од она што може да се види на видеото, станува збор за торнадо кое сигурно предизвикало поголема материјална штета.

Без коментари

LEAVE A REPLY