Торнадо во Мисури, Арканзас и Тексас – седум лица загинаа

0
520

7 лица загинаа во силната бура која предизвика големи поплави и торнадо во Мисури, Арканзас и Тексас. Повредени се десетици. Неколку торнада го погодија источен Тексас , каде загинаа пет лица, соопштија властите.

Најмалку 54 лица се потешко и полесно повредени и веднаш биле префрлени во локалната болница.

Ветрот носел автомобили, уривал куќи и корнел стебла од дрвја во Кантон, кој се наоѓа на околу 80 километри од Далас.