Тошевски: Битола не може и не смее да биде Струмица

0
1436

 

„Крајно навредливо за Битолчани е да им кажете дека Битола ќе ја направите убава како Струмица и дека ќе ја гасифицирате по струмички терк.

Битолчани треба да знаат дека тоа значи :

– дотур на гас по пунктови со цистерни, што е крајно ризично и небезбедно

– висока цена на гасот кој би бил добавуван од трета рака

– отворена шанса за манипулација преку тендерот за гас и можност за богатење на некој од клановите на Заев и Анѓушев  на грбот на Битолчани. При обезбедени пари и проекти во трајни решенија со Гасификација и Топлификација, ваквите импровизации  се несериозни и значат потценување на интелигенцијата на Битолчани. Битола не може и не смее да биде Струмица. Битола не може и не смее да биде сопствеништво на Заев и Анѓушев. Битола е на сите! “ рече Иванчо Тошевски – кандидат за член на Советот на Општина Битола.

 

Без коментари