Тошевски за развој на спортот

0
206

-Како иден советник во Советот на Општина Битола и човек кој е вљубеник во спортот, согласно нашите програмски определби во кои акцентот како идна локална власт го ставаме на здравата животна средина и здравиот начин на живеење ќе се залагам за повисок степен на развој на спортските активности, особено кај најмладите категории на граѓани.

Мерките кои планираме да ги превземеме како идна локална власт ќе доведат до создавање на услови за развој на веќе постоечките и создавање на нови спортски школи. И истите ќе бидат достапни и дел од секојдневието на секое дете. Крајната цел на овие мерки е целосна промена на навиките на живеење на најмладите, креирање на психовизички поздрави генерации на битолчани, а преку развојот на спортските школи креирање на нови работни места за спортските работници.

Почитувани, ние веќе Ви најавивме изградба на нови велосипедски патеки и субвенционирање на купувањето на велосипед со 50 % од вредноста а сума не повисока од 4.000 мкд, но тука нема да застенеме, изјави Иванчо Тошевски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ .

.

Без коментари