Тоскиќ избран во идеалниот тим на колото во ЛШ

0
416

Најдобриот ракометар на Вардар на реваншот со Висла во Скопје, Алем Тоскиќ, се најде во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите. Со осумте гола постигнати со 100% реализација на дуелот во СЦ Јане Сандански, Тоскиќ сосема го заслужи местото меѓу најдобрите оваа недела.

Покрај пивотот на Вардар, во идеалната постава на колото се најдоа и левото крило на Флензбург, Егерт, левиот бек на Висла, Житников, средниот бек на ППД Загреб, Вујиќ, десниот бек на Киелце, Бунтиќ, десното крило на Монтпелје, Гајиќ, како и голманот на Кил, Ландин.

Иако не успеа да најде место во идеалниот тим на колото, голманот на Вардар, Арпад Штербик, ја има најдобрата одбрана во реванш дуелите од осминафиналето.