Традиција која опстојува 25 години – ресторан Жежо

0
1176

На локација на поранешен ресторан Ловец, се отвори ресторан Жежо, место каде гостите ќе уживаат во заедничките мигови со нивните пријатели и најблиски.

Името “Жежо” на битолчани но и бројните посетители надвор од нашиот град, е добро познато пред се, по семејната традиција која ја задржаа до ден денес на угостителската приказна која започна пред 25 години.

Истата успешно продолжува и денес а тоа се огледува во фактот што новоотворениот Жежо ресторан, е трет по ред во нашиот град, покрај веќе постоечките во старата битолска чаршија и на излезот од Битола кај црквата Св.Недела.

Новоотворениот ресторан, е со капацитет од 120 места а надворешната летна тераса со 150.

Одличен избор за семејни веселби, родендени, крштевки и секаков вид на прослави.

Во модерно дизајнираниот простор, гостите имаат можност да уживаат во сите видови на специјалитети на скара, скара на жар, од месо од нивната месарница, потоа утрински чорби, пици, тестенини.

Секој викенд за гостите се организирани вечери со музика во живо.

Ресторан Жежо, ја продолжува својата долгогодишна традиција на ресторан со врвна услуга, професионален персонал, вкусни специјалитети.

 

 

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY