Традицијата и културата на Битола преку проектот Конзулска романса

0
205

Во Народниот театар во Битола беше презентиран мултимедијалниот проект Конзулска романса.Истиот е по идеја на Миодраг Неќак а во режија на Благојче Божиновски.Проектот е презентација на богатата традиција и култура на Битола на почетокот на 20-тиот век во кој преку танц, музика, мода се презентираше дел од истата.За модниот дел беше задолжен костимографот Благој Мицевски кој претстави 16 модели инспирирани од модата на Битола од почетокот на минатиот век , модели кои ги носеа девојките од агенцијата за мода и култура-Метрополис од Битола.Танцовиот дел го презентираа Валентино Апостоловски и Милена Крстевска.