Традицијата продолжува-46-то издание на фестивалот Илинденски денови

0
883

Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, веќе 46 години ги спојува минатото и сегашноста, отвара патеки кон иднината, ги сплотува генерациите , ги слави културните различности, ги спојува народите ширум светот.
Создаден во чест на големиот Илинден, во чест на народниот творец и народното творештво, фестивалот вдахновен од Свети Илија и оваа година ќе биде паазник на традицијата.
Од 29 -ти јули до 1- ви август, ќе се одржи 46 тото издание на фестивалот.
Четирите фестивалски денови изобилуваат со различна програмска содржина. Тука се и придружните манифестации, концертната и едукативната дејност.
На високо реномираната фестивалска сцена на која што со децениии се презентира, афирмира, анализира и проучува културното наследство, низ рафинирани сценски презентации ќе бидат презентирани народни ора, песни, обичаи, обреди, како и инструменти и носии од групи од ансамбли од сите краеви на Македонија.
Со спектакуларна вечер на интернационална музика и игра и концертот на македонски народни песни, Ноќ спроти Илинден, во Хераклеа ќе биде заокружено овогодинешното издание на фестивалот.
Оваа година покрај 1000 учесници од Македонија, на фестивалот ќе учествуваат и фолклорни групи од Мексико, Шпанија, Кипар, Турција и Бугарија.
Фестивалот започнува традиционално со фолклорното дефиле низ Широк сокак на 29-ти јули.
Како и секогаш до сега, Битола ќе ја отвори својата душа, прекрасните амбиенти на Широк сокак, старата битолска чаршија, Хераклеа за сценските содржини кои ќе ги презентираат вљубениците во традицијата од Македонија и светот и ќе подари за спомен дел од својот шарм и култура.