Традицијата продолжува- годишен концерт на музичкото училиште

0
504

Музичкото училиште-Битола е формирано во почетокот на 1947 годинa и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија од овај вид. Едни од најеминентните и највлијателни музички работници во музичката култура во републиката, своето образование го завршиле токму во ова училиште.
Секоја година, Музичкото училиште го организира годишниот концерт на кој учество земаат учениците при истото.
Државното музичко училиште, бележи многубројни награди и признанија на државни и меѓународни натпревари, па така и на последниот државен натпревар.
Традиционалниот концерт го заокружи настапот на училишниот гудачки оркестар ,под диригентската палка на проф.Никола Трајановски.
Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и секако со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола”.