Традицијата продолжува со хотел ресторан City house

0
1064

Битола, градот кој со широко отворени раце ги прифака сите оние кои сакаат да ги видат неговите убавини. Град кој за секого ќе најде место и ќе го вклопи во својот амбиент.
Покрај градските сокаци, џагорот на старата чаршија, Широк Сокак, отчукувањата на Саат кулата, битолската градска традиција ќе ви ја раскаже Hotel City House Bitola. мал семеен хотел и кафе-ресторан со многу пријатен стил.
Амбиент кој со пријатната атмосфера ќе го привлече секој оној кој сака деловниот ручек или вечера, семејните прослави, кафе муабет со пријателот, да го помине токму тука. Целта на сопствениците е да создадат совршена атмосфера за нивните гости.
Храната овде ја отсликува историјата и традицијата на нашата земја, а покрај неа гостите ќе уживаат во многубројните специјалитети.
Повелете на опуштен ручек со семејството и пријателите и уживајте во некое од најдобрите македонски но и странски вина.

Разликата е во малите работи кои ги правите за себе.
Хотел City house, располага со 6 модерно уредени соби. Дозволете денот да ви започне, помине и заврши во добро друштво и уште подобро расположение со неколку филџани кафе по ваш мерак, вкусна храна и опуштена атмосфера во центарот на градот.
City house е сместен во самиот центар на Битола, во малата и тивка Виенска улица (наспроти Центарот за култура).