Традиционален летен тренинг на плажа на двократниот светски шампион Дијана Неделковска

0
188

Oваа година, традиционално, четврти пат по ред, двократниот светски шампион во екстремна самоодбрана и главен тренер во Top Fitness System, Дијана Неделковска го одржа Летниот тренинг на плажа. Плажата во Претор на Преспанското езеро беше едноставно премала да ги прими сите посетители, рекреативци и спортисти кои зедоа учество на овој еднодневен настан.

Оваа година фокусот беше на уникатната фитнес програма TFS *[Top Fitness System] чиј креатор е Дијана Неделковска , а беа претставени и инструктори во своите области како Петар Христовски со Boot camp, Елизабета Стојаноска со Зумба, Марта Недановска Боцева со Пилатес, додека за атмосферата се погрижи Диџеј Фани. Умната работилница Клик беа новитет кој се погрижија за анимирање на најмладите посетители.

Настанот остана отворен за сите кои сакаа да присуствуваат на истиот, имаше организирано превоз и секој учесник доби брендирана маичка од настанот и освежување.

Организаторите се задоволно, што од година во година, посетеноста на настанот прогресивно е се поголема и присутноста е буквално од сите градови од Македонија. Следната година на малиот јубилеј ќе бидат присутни инструктори од соседните држави.

Неда Маретиќ

Без коментари

LEAVE A REPLY