Традиционално матурско дефиле во Ресен

0
1029

Традиционално матурско дефиле во Ресен, секоја година се одржува во чест на матурантите од средното општинско училиште Цар Самоил. Па така и оваа година, на градскиот плоштад, продефилираа стотина завршени средношколци. Матурантите излегуваа од општинската зграда, чекореа по црвениот тепих кој специјално беше поставен за нив.

Тие традиционално го одиграа и матурскиот бал, а на дефилето им беа подарени цвеќиња на женските и балони на машките кои потоа се пуштаа симболично во воздух.

На присутните им се обрати  директорот на СОУ „Цар Самоил“ Науме Тосковски, како и градоначаникот на Ресен д-р.Ѓоко Стрезовски.

Настанот е под покровителство на градоначалникот д-р.Ѓоко Стрезовски, а во организација на општина Ресен и Дом на култура Драги Тозија. Голем број на гости ја проследија оваа манифестација како и секоја година. Со истата ,Ресен е во чекор со светските градови во кои се одржуваат вакви настани посветени на матурантите.
Матурската свечена вечер се одржа во ресторанот „Две лири“ .