Традиционално матурско дефиле во Ресен

0
237

Традиционално матурско дефиле , во Ресен, секоја година се одржува во чест на матурантите од средното општинско училиште Цар Самоил.

Па така и оваа година, на градскиот плоштад, продефилираа 117 завршени средношколци.

Матураните излегуваа од општинската зграда,чекореа по црвениот тепих кој специјално беше поставен за нив.

Тие традиционално го одиграа и матурскиот бал а на дефилето им беа подарени цвеќиња на женските и балони на машките кои потоа се пуштаа симболично во воздух.

Maturanti_Resen_-_3.jpg

Манифестацијата беше дополнително збогатена со настапот на Пламенка Трајковска секстет.

Настанот е под покровителство на градоначалникот Ѓоко Стрезовски а во организација на општина Ресен и Дом на култура Драги Тозија.

Голем број на гости ја проследија оваа манифестација како и секоја година.

Со истата ,Ресен е во чекор со светските градови во кои се одржуваат вакви настани посветени на матурантите.