Трајковски: „Ќе дадеме 100% за победа, потајно сонуваме изненадување„

0
543

Спокојност и убеденост во сопствените квалитети владее во таборот на македонската кошаркарска репрезентација по пристигнувањето во Загреб и воочи подготовката за мечот со Грција в сабота од 17 часот. Поливалентниот Бојан Трајковски открива дека потајно се надева на подвиг, иако акцентот го става на мечевите со Холандија и Грузија од кои директно ќе се креира нашиот пласман на овој Евробаскет. „Атмосферата во нашата селекција е одлична, на високо ниво. Оставивме се што ни се случуваше во текот на подготовките на страна. Грција е голем фаворит не само на утрешниот натпревар со нас, туку и на комплетниот Евробаскет. Ние ќе излеземе на теренот максимално подготвени, решени да дадеме 110% од своите можности, а потајно се надеваме дека можеме да ги изненадиме и големите фаворити. Сепак, нашата шанса ја гледаме во мечевите со Холандија и со Грузија и со две евентуални победи да се пласираме во следната фаза од натпреварувањето„ истакна Бојан Трајковски во пресрет на вечерашниот тренинг во Загреб.