Трамп бара кинеска инвазија врз Северна Кореја!?

0
191

Доналд Трамп направи неколку почетнички гафови на првата телевизиска дебата со Хилари Клинтон, а меѓу нив се издвојува сугестијата дека Кина треба да влезе во Северна Кореја и да преземе мерки за сопирање на нивната нуклеарна програма која е се попасна.

„Сега ништо не преземаме за заканата од Северна Кореја, тоа е недозволиво. Кина треба да влезе таму и да го реши проблемот за нас. Кина е тотално надмоќна кога е во прашање Северна Кореја, посочи Трамп во своето излагање.

Повикот за кинеска интервенција беше одговорен веднаш и од Бежинг. Властите во Кина посочија дека ја осудуваат нуклеарната програма и дозволуваат се пожестоки санкции, па така барањата за воена инвазија се погрешни.

Секако, самиот Трамп не понуди друго решение, но и така целата кампања му се базира на тврдења дека САД повеќе не треба бесплатно да ги чува земјите како Јужна Кореја и Јапонија кои имаат доволно економска и воена моќ.