Трамп ги избра соработниците – за главен стратег контроверзниот Бенон

0
437
Republican presidential candidate Donald Trump speaks to supporters as he takes the stage for a campaign event in Dallas, Monday, Sept. 14, 2015. (AP Photo/LM Otero)

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го избра Рајнс Прибус за шеф на претседателскиот Кабинет, додека Стивен Бенон ќе биде главен стратег и виш советник.

– Воодушевен сум што мојот многу успешен тим продолжува со мене да ја води земјата, се вели во соопштението од Трамп.

Тој синоќа изјави дека „Стив и Рајнс се исклучително квалификувани лидери кои добро работеле во текот на кампањата и го довеле до историска победа“.

– Сега двајцата ќе бидат со мене во Белата куќа додека работиме на тоа Америка повторно да биде почитувана, изјави Трамп.

Прибус е актуелен претседател на Републиканскиот национален комитет.

Менаџерката на кампањата на Трамп, Келиен Конвеј изјави дека на повидок е единствено именувањето на шеф на кабинет, од што всушност зависи дали новиот претседател ќе продолжи со нападите на вашингтонскиот естаблишмент или ќе се одлучи за помирлива политика на водење на земјата.

Конвеј рече дека „вашингтонскиот инсајдер“, претседателот на РНК, Прибус кој му помогнал на Трамп да победи, изразил интерес за исклучително значајната функција шеф на Кабинет, која меѓудругото опфаќа и помагање на претседателот да состави дневен ред на работа.

Стив Бенон важи за контроверзна личност, кој пред да биде шеф на изборниот штаб на Трамп, беше шеф на анти вашингтонската ултра десничарска веб страница Бреитбарт, познат по своите расистички, анти малцински и анти женски права.

novatv.m