Трамп ги негира резултатите на анкетите

0
209

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ги отфрли резултатите на многубројните анкети кои навестуваат победа на ривалката Хилари Клинот и порача дека за 12 дена ќе победи во трката за Белата куќа.

Тој ги обвини медиумите за пристрасност во корист на Клинтон, додавајќи дека тој ќе победи во Флорида, Северна Каролина, Ајова и во Охајо.

Просечните резултати од анкетите со месеци покажуваат дека Клинтон е во предност пред Трамп, и дека контроверзниот милијардер изминатите месеци не бил во предност во ниту една од клучните засега неопределни држави. Единствено во Охајо Трамп е во незначителна предност но трката е прилично тесна.