Трамп го осуди нападот во Барселона

0
240

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди терористичкиот напад во Барселона во кој загинаа 13 луѓе и им вети помош на шпанските власти. Тој на Твитер напиша дека САД ќе сторат се што е неопходно за да помогнат. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон претходно изјави дека терористите во светот мора да знаат дека САД и нивните сојузници се решени да ги пронајдат и да ги приведат пред лицето на правдата.

https://www.slobodnaevropa.mk

Без коментари