Трамп го отпушти директорот на ФБИ

0
434

Претседателот на САД Доналд Трамп, го отпушти од работа шефот на ФБИ, Џејмс Коми, поради начинот на кој се справил со истрагата за мејловите на Хилари Клинтон, вели администрацијата.

Белата куќа го шокираше Вашингтон со соопштението дека Џејмс Коми „е отпуштен и отстранет од канцеларијата“.

Но, Демократите велат дека е избркан бидејќи ФБИ ги истражува наводните врски меѓу кампањата на Трамп и Русија.

Отпуштањето доаѓа откако Коми даде неточни податоци за мејловите на Клинтон пред Конгресот минатата недела.

Во обраќање на ФБИ агентите во Лос Анџелес, тој дознал дека е отпуштен кога видел на вести на телевизија.

Педесет и шестгодишниот директор, кој беше на таа функција три и пол години од неговиот десетгодишен мандат како директор на Федералното биро за истраги, наводно се насмеал, мислејќи дека се работи за шега.