Трамп го прекина интервјуто за Си Би Ес кога го прашаа за Обама

0
254

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто за Си-Би-Ес, откако новинарот го праша за обвинувањата на сметка на неговиот претходник Барак Обама дека го прислушувал.

-Доволно беше, Ви благодарам, му рече Трамп на новинарот и го замоли да ја напушти Овалната соба.

Новинарот Џон Дикерсон побара од Трамп да ја расчисти дилемата, дали има докази дека неговиот претходник го прислушувал, и дека со тоа Трамп има шанси да ги ги прекине лажните вести во медиумите.

На тоа Трамп одговори декла има свое мислење и го замоли да си замине.

http://novatv.mk