Трамп и Клинтон избиваат како најсериозни кандидати за претседател на САД

0
356

Претендентот за кандидатурата на републиканците за претседателските избори во САД Доналд Трамп победи во уште три сојуни држави на внатрепартиските избори.

Трамп вчера освои убедливи победи во Мичиген, Мисисипи и на Хаваи, додека неговиот противкандидат Тед Круз победи во Ајдахо. Најголем губитник од вчерашното гласање е Марко Рубио кој завршил четврти по бројот на добиени гласови.

Следната недела се смета за најголем предизвик за републиканските кандидати, бидејќи ќе се гласа во Флорида, што во Сенатот ја претставува токму Рубио, кој доколку сака да остане во трката за номинација, мора да победи. Според моменталните резултати од анкетите, се предвидува победа на Трамп.

Кај демократите, Берни Сандерс победи во Мичиген, но Хилари Клинтон го зголеми водството со убедлива победа во Мисисипи.