Трамп и Клинтон со нови победи на внатрепартиските избори

0
271

Досега водечките претенденти за номинација на Републиканската, осносно на Демократската партија, на изборите за претседател на САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон, на изборите во своите партии освоија победи уште во по пет, односно четири североисточни држави.

Трамп, по победата на внатрепартиските избори во Конектикат, Делавер, Мериленд,Пенсилванија и Роуд Ајленд, веќе се прогласи за кандидат на републиканците.

Тој од 118 делегати кои беа на располагање, освои 105, со што го зголеми вкупниот број на свои делегати на 950. Џон Кејсик освои пет делегати од Род Ајленд, а Том Круз еден. За директна републиканска номинација потребни се 1237 делегати.

И Хилари Клинтон победи, во четири од петте споменати држави, и загуби во една, во Роуд Ајленд,  и сега има 90% од 2383 делегати, колку што се потребни за директна демократска номинација.

И покрај се, Берни Сандерс како ривал на Клинтон, и Круз и Кејсик на Трамп, ветуваат дека ќе ја продолжат трката, без разлика што шансите им се сѐ послаби.