Трамп и Клинтон во последна битка за клучната Флорида

0
173

Две недели воочи претседатеслките избори во САД, кандидатото на републиканците Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон водат кампања во Флорида, неопределена држава од клучно значење за двајцата кандидати.

Флорида е најголемата држава во која исходот е неизвесен, а носи 29 електорални гласови од 270 потребни за Белата куќа.

Според анкетите, Клинтон води пред Трамп за околу 4 проценти во оваа држава. Но Трамп ги оспорува анкетите и тврди дека се погрешни.

На вториот ден од тридневната турнеја на Флорида, Трамп остро ги критикуваше анкетите и анкетарите.

-Народе, ние победуваме. Тоа се лажни анкети кои ги спроведуваат лажни медиуми, изјави Трамп.

Клинтон пак ја критикуваше политиката на Трамп.

-Тој практично прогласи пораз уште пред битката да започне, докажувајќи му на светот што значи главниот командант да биде неквалификуван, рече таа.

Активен во кампањата на Клинтон е и актуелниот претседател Обама, кој гостувајќи во шоуто на Џими Кимел се придружи во читањето негативни твитови.

-Обама ќе биде запаметен можеби како најлошиот претседател во историјата на САД, вели Вистинскиот Доналд Трамп, на што Обама одговори: Да Трампе, јас барем ќе бидам запметен како претседател.

http://novatv.mk