Трамп и Круз постигнаа двојни победи

0
426

Доналд Трамп и Тед Круз постигнаа по две победи во „супер саботата“ додека демократот Берни Сандерс, исто така, постигна две победи за подигнување на моралот, а Хилари Клинтон победи во една држава.

Кампањата сега продолжува во Мичиген, каде што прелиминарните партиски избори ќе се одржат во вторник, заедно со три трки во други држави. Но, победите на Трамп и Круз во саботата гарантираат дека тие ќе ја продолжат нивната битка за републиканска номинација најмалку до 15 март, кога големите држави како Флорида и Охајо ќе излезат на гласање.

„Јас се натпреварувам целиот мој живот“, изјави Трамп на конференција за печатот во Меѓународниот терен за голф „Трамп“ во Вест Палм Бич, Флорида. „Нема ништо толку возбудливо како оваа работа“.

Сандерс победи во Канзас и Небраска, додека Клинтон ја доби големата награда на вечерта: Луизијана богата со делегати. Тие ќе се соочат в недела вечер на демократската дебата на Си-ен-ен во Флинт, Мичиген.

Без коментари

LEAVE A REPLY