Трамп им открива на Американците што ги чека со него

0
305

Репбуликанскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ќе предложи воведување на привремен мораториум на новите финансиски прописи.

Исто така ќе предложи и оживување на проектот за изградба на нафтоводот Кисоун на канадската комапнија Трансканда, според изводите на економскиот говор кој ќе го одржи во Детроит денеска.

Неговиот говор ќе се фокусира и на обезбедување регулаторни олеснувања за малите фирми, извести Блумберг и додава дека Трамп ќе и порача на нацијата дека нема да предлага никакви нови финансиски прописи додека економијата не покаже знаци на „силен раст“.

Во деншниот говор, Трамп ќе предложи укинување на данокот на пренос наследен имот.

Имено, според актуелниот закон, даночната стапка од 40 отсто се применува на пренос на наследство вредно од 5,45 милиони долари за поединци, додека за парови таа стапка важи за наследен имот во вредност од 10,9 милиони долари.

За американските фирми, Трамп ќе предложи стапка од 15 отсто и унапредување на заштитата на правата за интелектуална сопственост.

Тој повторно ќе изрази противење на предложениот трговски договор со Транспацифичкото партнерство кое го поддржала администрацијата на Барак Обама, и ќе побара од канадската компанија Трансканда да го обнови проектот на нафтоводот Кистоун.

Како што наведува Блумберг, меѓу предложените мерки на Трамп се и поедноставување на даночните стапки за се, драстично намалување на данокот на заработка, како и „отстранување на бирократите кои единствено знаат да ги уништат работните места, и нивната замена за експерти кои знаат како да создадат нови работни места“.