Трамп ја критикуваше Кина за толерирањето на Северна Кореја

0
269

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази длабоко разочарување во однос на Кина која, како што рече, не презема ништо во врска со нуклеарната закана на Северна Кореја.Првиот човек на САД, Доналд Трамп, преку социјалната мрежа Твитер, не бирајќи зборови, остро ја критикуваше Кина.

„Кина многу ме разочара. Нашите претходни глупави администрации со години ѝ овозможувале на Кина да оствари трговија од повеќе стотици милијарди долари, а Кина за нас не направи ништо кога станува збор за Северна Кореја. Нема да дозволиме тоа така да продолжи. Кина, овој проблем може многу лесно да го реши“, порача Трамп.

Пораката на Трамп следеше непосредно откако Северна Кореја изведе ново тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, која прелета над илјада километри и падна во јапонското море Хакиадо.

Трамп со кинескиот претседател Си Ѓинпинг се состана на маргините на самитот на Г20 во Хамбург, а претходно го прими во палатата Мар-а-Лаго на Флорида.

И во двата наврати Трамп тврдеше дека има добри односи со својот кинески колега, и дека главни теми на разговорите бил севернокорејскиот режим.

http://makfax.com.mk

Без коментари