Трамп ќе ја претстави стратегијата за Авганистан

0
221

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја претстави стратегијата за Авганистан, соопшти Белата куќа. Тој ќе се обрати од воената база Форт Мајер, југозападно од Вашингтон. Претходно американскиот секретар за одбарна Џим Матис изјави дека администрацијата на Трамп донесла одлука за нова стратегија во Авганистан. До ова дојде по неколку месеци расправа за решавањето на ситуацијата во Авганистан по 16 години војна во таа земја. Пентагон пред извесно време разгледуваше план за испраќање околу 3.800 војници како засилување на авганистанската војска во борбата против талибанците. Во Авганистан сега има околу 8.400 американски војници.

https://www.slobodnaevropa.mk

Без коментари