Трамп ќе ја врати Америка во рецесија

0
219

Демократскиот претседателски кандидат за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, изјави дека нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп, со „својата небрежност“ би можел да ја врати американската економија во рецесија.

Според неа, Трамп е „одвај нешто повеќе од финансиски измамник“, чие незнаење и егоизам би ја закопале глобалната економија, би ги довеле Американците до банкрот и би ја ја загрозиле иднината на земјата.

Клинтон, обраќајќи се пред свои приврзаници, рече дека Трамп не е способен да води економија, оценувајќи дека водењето на неговиот личен бизнис зборува за тоа како тој би ги третирал работниците и малите претприемачи ако победи на изборите.

Не се чекаше долго на одговорот на Трамп.

Милијардерот на Твитер праша како Хилари Клинтон може да води економија, кога не е во состојба да прати меил, а при тоа да не ја доведе во опасност целата нација, алудирајќи на аферата во која демократската кандидатка е обвинета за праќање доверливи државни информации преку приватен меил, во времето додека била државна секретарка.