Трамп му се закани на Пјонгјанг

0
275

Американскиот претседтаел Доналд Трамп рече дека би сакал да избегне воена акција како решение за нуклеарните закани на Северна Кореја. Тој нагласи дека претходните дипломатски обиди не успеале да го спречат Пјонгјанг во развојот на ракети.

– Воена акција е секако опција. Дали е тоа неизбежно? Ништо не е неизбежно – изјави Трамп.

Тој сепак, наведе дека повеќе би сакал воената акција да биде избегната.

– Доколку тоа го искористиме во Северна Кореја (воена акција), тоа ќе биде многу тажен ден за таа држава – рече Трамп.

Без коментари