Трамп остана без донации од банкарите

0
171

Инвестициската банка Голдман Сакс од Вол Стрит на топ менаџерите на фирмата им забрани да донираат пари за претседателската кампања на Доналд Трамп и неговиот заменик Мајк Пенс кој е гувернер на Индијана.

Во забраната на голдман Сакс не е наведена кампањата на Хилари Клинтон и Тим Кејн кои се кандидати на Демократската партија. Тие во 2008-ма донираа за Хилари против Барак Обама. Оваа одлука доаѓа во незгодно време кога околу Трамп се надвиснати повеќе обвинувања дека тој како бизнисмен претходно донирал многу пари за политичари кои сега се на функции и дека од истите очекувал возврат на услугите.

Трамп како Републикански кандидат е многу поповолен за банкарите и менаџерите од Вол Стрит бидејќи најави намалување на даноците за бизнисите со што се надева дека ќе се зголемат работните места во САД, додека пак Хилари се заложи за зголемување на минималната плата.

Без коментари

LEAVE A REPLY