Трамп побарал совет од Кисинџер за надворешно-политички теми

0
303

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп побара совет од поранешниот Државен секретар Хенри Кисинџер во врска со Кина, Русија, Иран и Европа, соопшти неговата канцеларија. Кисинџер, кој има 93 години, работеше кај поранешните претседатели Ричард Никсон и Џералд Форд и е најдобро познат по отворањето на вратите за Кина по децениската изолација на азискиот гигант. Тој бил подготвен да разговара со Трамп, иако не е тајна дека ја фаворизирал неговата ривалка Хилари Клинтон. И покрај тоа, канцеларијата на Трамп соопшти дека тие имале одличен состанок.

Имам огромна почит за д-р Кисинџер и ја ценам неговата размена на мислења со мене, изјави Трамп, додавајќи дека разговарале за Кина, Русија, Иран, Европа и други прашања од светот, без да даде повеќе детали.

http://www.slobodnaevropa.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY