Трамп победи во Ј.Каролина, Клинтон тесно во Невада, Буш се откажа

0
575

Републиканскиот претендент за номинација на претседателските избори на 8-ми ноември, милијардерот Доналд Трамп надмоќно победи во третата етапа од партиските предизбори во сојузната држава Јужна Каролина, по кои неговиот ривал Џеб Буш објави дека се повлекува од кампањата, додека кај демократите кои гласаа во Невада, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон тесно победи пред ривалот Берни Сандерс.

Поранешниот гувернер на Флорида, 63-годишниот Џеб Буш, син и брат на поранешните американски претседатели Џорџ Х.В. Буш и Џорџ В. Буш, влезе во кампањата како еден од големите фаворити. Меѓутоа, и претходните резултати на предизборите во Ајова и Њу Хепшир беа далеку од ветувачки, па Буш изјави дека гласачите во трите држава си го кажале своето. „Ја почитувам нивната одлука. Вечерва се повлекувам од кампањата“, изјави Џеб Буш во саботата вечерта по локално време, што CNN го коментираше како „крајот на династијата“.

„И покрај тоа што можеби можевте да го слушнете, сметам дека важни се идеите, дека се битни политиките. Горд сум што ја водев кампањата која ја обедини земјата“, изјави Буш очигледно алудирајќи на Доналд Трамп кому му забележува дека му недостигаат идеи.

Џеб Буш на првите предизбори во Ајова на 1-ви февруари заврши на шестото место кај републиканците, со помалку од 3 отсто од гласовите, а во Њу Хемпшир на 9-ти февруари беше четврти со 11 отсто. Во Јужна Каролина на 20-ти февруари заврши како четврти.

По преброените 99 отсто од гласачкиот материјал, Трамп во Јужна Каролина освоил 32,5 отсто од гласовите, зад него е сенаторот од Флорида Марко Рубио со 22,5 отсто, и сенаторот од Тексас, Тед Круз со 22,3 отсто од гласовите.

Триумфална победа извојува Доналд Трамп. Тоа ја зацврсти неговата позиција како најверојатен претседателски кандидат за претседателските избори. Со победата во Њу Хемпшир и во Јужна Каролина, Трамп е во многу добра позиција пред прелиминарните избори на 1-ви март, или ткн „супер вторник“ кога се гласа во 11 сојузни држави, да ја добие номинацијата на Републиканската партија, во што малкумина веруваа пред почетокот на кампањата.

На спротивната, на демократската страна, победата на поранешната прва дама и шефица на американската дипломатија, Хилари Родам Клинтон, би можела да ги примири стравувањата дека нејзината кампања го губи здивот. Нејзината победа во Невада, покажува дека сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, не успеал да ги придобие демократските гласачи во оваа сојузна држава каде што речиси половината од населението го сочинуваат малцинските заедници, како афроа  откако претрпи убедлив непријатен пораз во Њу Хемпшир по многу тесната победа во Ајоваериканци, хиспаноамериканци и азијати.

Со околу 99 отсто од преброените гласови, Клинтон води со 52,6 отсто наспроти Сандерс кој освои 47,4 отсто од гласовите, откако претрпи убедлив непријатен пораз во Њу Хемпшир по многу тесната победа во Ајова. Тоа значи дека Клинтон обезбеди поддршка од 19 делегати од Невада, а Сандерс – 14, за конвенцијата на Демократската партија. Сепак, Сандерс изјави оти не се предава и дека оптимистично гледа на „супер вторникот“./крај/мф/сн