Трамп подготвен на средба со Ким Јонг Ун

0
487

Доналд Трамп, веројатниот кандидат за претседател на републиканската партија, најави дека е подготвен да се сретне со севернокорејскиот лидер за да разговара за нуклеарната програма на оваа држава.

“Да, јас би разговарал со него, немам никаков проблем да разговарам со него”, изјави Трамп за можната средба со Ким Џонг Ун.

Ваквата потенцијална средба, би претставувала суштинска промена на американската политика кон политички изолираниот тоталитарен режим во Северна Кореја.

Најверојатниот кандидат на демократската партија, Хилари Клинтон, во писмена реакција ја осуди бизарната фасцинација на Трамп со странските авторитарни лидери.

Коментарите за Северна Кореја, Трамп ги даде во интервју за Ројтерс, во кое исто така изрази несогласување со воените операции на рускиот претседател Владимир Путин , во источна Украина. Во некои од минатите интервјуа, Трамп повеќе пати изјави дека го почитува Путин.