Трамп повика специјален обвинител да ја истражи фондацијата „Клинтон“

0
279

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија, Доналд Трамп повика Министерството за правда да назначи специјален обвинител кој ќе истражи дали донаторите на фондацијата „Клинтон“ добиле посебен третман од Стејт департментот, кога на функција во него била Хилари Клинтон, пренесува Ројтерс.

– Министерството за правда е должно да назначи специјален обвинител, бидејќи, за жал, се покажа дека е политичкото крило на Белата куќа, изјави Трамп, нагласувајќи дека „никој досега не видел нешто слично претходно“.

– На Министерството за правда и на ФБИ и не може да им се има доверба за истрагата на новите злосторства на Хилари Клинтон, додаде магнатот.

Без коментари

LEAVE A REPLY