Трамп престојува во Рим

0
243

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Рим на третата станица од неговата прва турнеја во странство откако ја презеде функцијата. Претходно тој престојуваше во Саудиска Арабија и Израел. Трамп денеска во Ватикан ќе се состане со Папата Франциско. Американскиот претседател потоа заминува за Брисел каде што ќе учествува на состанокот на НАТО, по што оди на Сицилија за самитот на Г7 во Таормини. Трамп вчера ја заврши посетата на Блискиот Исток во текот на која изрази оптимизам за можен мир меѓу палестинците и израелците.