Трамп призна дека Русија ги хакирала демократите

0
160

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп призна дека хакирањето на функционери на Демократската партија било извршено од Русија и ја искористи првата прес-конференција по изборите да ги нападне медиумите кои објавија дека Кремљ можеби има компромитирачки информации за него.

„Мислам дека беше Русија, но мислам дека, исто така, и други земји нè хакираат“, кажа синоќа Трамп.

Настапот на милијардерот пред новинарите беше со цел да разјасни како ќе се дистанцира себеси од своите бизнис интереси пред да ја преземе претседателската функција, но се случи среде растечките контроверзи околу неговите врски со Кремљ.

Трамп и неговиот адвокат ги презентираа плановите за префрлање на неговите бизнис интереси на неговите возрасни синови, Доналд Трамп Помладиот и Ерик Трамп, и неговото целосно отстранување од операциите на компаниите. Трамп, исто така, се пофали со создавање работни места, дискутираше за плановите да изгради ѕид на американско-мексиканската граница и за укинувањето на здравствените реформи на Барак Обама.

Сепак, прес-конференцијата почна со изјави од клучни членови на тимот на Трамп во врска со наводите за Русија и тоа беше тема на најголем дел од новинарските прашања. Контроверзите околу меморандумот кој содржи непотврдени обвинувања, вклучувајќи детали за наводни сексуални активности на Трамп во Русија и негови финансиски активности, како и тврдења дека функционери на Трамп се сретнале со Руси за време на кампањата.