Трамп: САД може да не ги брани некои земји членки на НАТО ако Русија ги нападне

0
261

Претседателскиот кандидат на Републиканците Доналд Трамп изјави дека е можно САД под негово водство да не дојде во одбрана на некои од земјите членки на НАТО кога Русија би ги нападнала.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Трамп вели дека ќе одлучи дали да ги заштити балтичките републики од руската агресија на основа на тоа дали тие земји ги “исполниле обврските кон нас”.
Ова интервју на Трамп кое тој го даде ден пред неговиот говор во кој официјално ја прифаќа номинацијата републиканската претседателска номинација на завршната конвенција која се одржа во Кливленд.

Аналитичарите во САД се чудат зошто Трамп го даде ова интервју ден пред говорот во кој би требало да ги изложи главните црти на својата идна политика ако биде избран за претседател на САД.

Изјавите на Трамп за обврските на САД од договорите со НАТО, кои предвидуваат секоја земја членка да и помогне на другите земји членки на алијансата од 28 земји во случај да бидат нападнати, се дел од неговото преиспитување на глобалната улога на САД.