Трамп сугерира одземање лиценци на ТВ мрежи

0
114

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на телевизиската мрежа Ен-Би-Си, дека ќе ја оспори нејзината лиценца за емитување. До ова дојде откако беше објавена приказна за тоа дека државниот секретар Рекс Тилерсон го нарекол „морон“ во дискусијата за американското нуклеарно оружје.

Претседателот Трамп го зголеми нивото на нападите врз медиумите, свртувајќи се против телевизиската мрежа Ен-Би-Си на која и се закани дека ќе и ја оспори нејзината лиценца за емитување. Тој на Твитер напиша:

„Со сите лажни вести кои доаѓаат од Ен – Би – Си и мрежите, во овој момент е соодветно да се предизвика нивната лиценца? Лошо за земјата!“.

До ова дојде откако Ен-Би-Си објави приказна во која се наведува дека Трамп на состанокот на високи функционери изјавил дека сака да го зголеми американскиот нуклеарен арсенал за десет пати, што било примено со изненадување од учесниците, меѓу кои и од државниот секретар Рекс Тилерсон.

Трамп овој извештај го оцени како „чиста измислица со цел да биде понижен“.

Тој тоа го повтори и на средбата во Вашингтон со канадскиот премиер Џастин Трудо:

„Не, јас никогаш не разговарав за зголемување, сакав да е во совршена форма, тоа беше само лажна вест од Ен – Би – Си, која во последно време дава многу лажни вести“.

www.slobodnaevropa.m