Трамп во Белата куќа го прослави Денот на независноста на Грција

0
1198

„Ги сакам Грците”, беа првите зборови на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше домаќин на традиционалната прослава на Денот на независноста во Белата куќа. Оваа традиција прв ја започна претседателот Роналд Реган и оттогаш стана традиција во Белата куќа.

Стотина Грци и грчки Американци присуствуваа на настанот во чест на жртвите во борбите за независноста на Грција против Османлиите.

Трамп потпиша прокламација во чест на грчката револуција од 25 март 1821 година. Тој ги поздрави и неколкумината членови на неговиот кабинет, Грци по потекло.

www.mkd.mk