Трамп во водство, на чекор до Белата Куќа

0
283

Републиканскиот претседателски кандидат е на чекор до победа на изборите во САД. Трамп води според вкупниот број на освоени гласови и успеа да однесе неколку клучни држави.

Доналд Трамп освои важни победи над Хилари Клинтон во државите Флорида, Охајо и Северна Каролина во три од четирите клучни држави на едни од најтесните изборни трки во историјата на САД.
Ниту еден од двајцата кандидати засега нема чист пат до потребните 270 делегатски гласови. Како клучни можат да се покажат Мичиган и Висконсин, двете држави од Средниот запад кои не избрале републикански кандидат од 1980-те години. Кампањата на Клинтон ги сметаше и двете држави за сигурни, па им посвети внимание дури во последните денови.
Несигурноста околу изборниот резултат ги шокираше и берзите: азиските претрпеа големи загуби, додека Дау Џонс оди надолу. Дури и големите обложувачки куќи драматично ги намалија коефициентите за победа на Трамп, и тој според нив, сега е голем фаворит.