Трамп заигра со меч во рака во Саудиска Арабија

0
549

Американскиот претседател Доналд Трамп заигра во Саудиска Арабија традиционален танц со мечеви, на прием организиран во негова чест.

Трамп вчера допатува во Ријад, својата прва дестинација во странство како претседател на САД.

На снимката на „танцот“ се појавуваат и државниот секретар Рекс Тилерсон, советниците Рајс Прибус и Стивен Бенон, како и првата дама Меланија Трамп.