Транспортот денес и во иднина

0
489

Од четврток до сабота Битола поточно Техничкиот Факултет е домаќин на првата Меѓународна конференција од областа на сообраќајот и транспортот „ТРанспортот во денешното општество“. Во рамки на Конференцијата се планира продолжување и продлабочување на соработката на сродните факултети од регионот и пошироко, преку продолжување на постојните, како и потпишување на нови договори

-Основната цел на конференцијата е претставување на резултатите од научната и стручната работа на колегите од регионот и пошироко, како и размена на искуства во решавањето на предизвиците со кои областа сообраќај и транспорт се соочува и согласно Европските и националните документи за развој ќе се случува во следните дваесетина години, изјави проф.д-р Маја Маленковска-Тодорова, Технички Факултет-Битола

За конференцијата биле пристигнати 60 тина трудови. Нивните теми соодвествуваат со актуелните, како и со проблемите кои согласно предвидувањата , ќе бидат предмет на решавање во следните 20 тина години. На конференцијата ќе им се даде можност на младите колеги, магистранти и докторанти да ја претстават својата работа преку постер презентација, додаде Маленковска-Тодорова

Организатор на Конференцијата е Техничкиот Факултет, а коорганизатори се пет факултетри од регионот и Европа: Сообраќаен факултет- Белград, Факултет за технички науки- Нови Сад, Факултет за транспорт- Катовице, Факултет за поморство и транспорт- Порторож, Сообраќаен факултет-Добој.