Трапановски го внесе Партизан во полуфиналето на „Ширеа купот„

0
138

Младиот фудбалер кој настапува за Академија Пандев, а е производ на фудбалската школа „Талент„ од Битола, Кристијан Трапановски блесна на турнирот во чест на легендарниот Гаетано Ширеа. Трапановски на овој турнир го носи дресот на белградски Партизан и беше стрелец во мечот од четвртфиналето против Викторија Плзен во победата од 3:1. Со тоа црно-белите каде тренер е Кецман, во полуфиналето ќе се сретнат со Рома. Второто полуфинале го сочинуваат Јувентус и АСМА Дакар. Трапановски е стандарден репрезентативец во селекцијата на Македонија до 16 години.