Travel the World-нов видео запис на Четкар

0
312

Музичарот Владимир Четкар ја промовираше новата песна “Travel the World” и новиот видео спот, снимен во Охрид и во Охридскиот регион, во режија на Борче Димоски од продукцијата Дигитал Бокс.

Владимир Четкар е македонски мулти-талентиран, професионален музичар. Неговата работа како гитарист, вокалист, композитор е пофаленa од страна на познати музички личности како Џорџ Бенсон, Масео Паркер и други. Владимир во САД студираше на Беркли музичкиот колеџ. Таму, тој се фокусира на современото пишување и производство на џез музика со гитара, како негов главен инструмент. Зад него е и богата дискографска кариера, но ги преферира настапите пред публика. Музичката критика за него дава спектакуларни критики и го позиционира како еден од најнадежните имиња во џез – соул и фанк жанрот во светот. Тој е активен изведувач во живо и учествувал на разни меѓународни фестивали и клубови низ Европа и САД.

– Задоволен сум од тоа што го сработивме. Се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката, рече Четкар.

Travel The World е најава за новиот албум на Четкар. Владимир веќе работи на песните кои ќе се снимаат во студија во Њујорк и Њу Џерси.
Видео записот официјално ќе биде промовиран на 22- ри,
во ресторанот „Билјанини извори“, каде ќе се одржи новото издание на „Есенски џез“ .